Со донесувањето на Законот за Државно правобранителство („Службен весник на РМ“ бр.87/07 и 104/15) со денот на започнувањето на примената на овој Закон престанува да важи Законот за Јавното правобранителство („Службен весник на РМ“ бр.47/97)  и Јавното правобранителство на Република Северна Македонија продолжува со работа како Државно правобранителство.

Државното правобранителство на Република Северна Македонија превзема мерки и правни средства, заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Северна Македонија.

Обезбедува  висококвалитетна, професионална, независна, ефикасна заштита на имотните права и интереси на државата.