Според одредбите на Законот за Државното правобранителство на Република Македонија (во натамошниот текст: Државното правобранителство) е државен орган кој превзема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Северна Македонија и врши други работи утврдени со овој и друг Закон. Државното правобранителство ги остварува своите надлежности врз основа на Уставот, Законот и ратификуваните меѓународни договори.
Функцијата на Државното правобранителство ја врши Државниот правобранител на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Државниот правобранител) и Државните правобранители во Државното правобранителство ( во натамошниот текст : Државните правобранители ) .
Државниот правобранител по предлог на Министерството за правда го именува Владата на Република Северна Македонија за време од 6 години со право на повторен избор, Државните правобранители ги именува Владата на Република Северна Македонија од претходно прибавено мислење од Државниот правобранител без ограничување на мандатот.
Владата на Република Северна Македонија по предлог на Државниот правобранител со Одлука го определува бројот на Државните правобранители и донесува Одлука со која го утврдува седиштето на Државните правобранители и подрачјата на судовите каде се врши Државноправобранителската функција.