Надежда Ѓоревска-Државен правобранител на Република Северна Македонија за подрачје Струга
- Датум на раѓање 24.11.1963 година, во Струмица. Дипломирала на правен факултет во Скопје, на ден 06.06.1994 година, со што се стекнала со диплома од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ Скопје, како дипломиран правник. Правосуден испит положила на ден 11.06.1997 година, а од 15.07.1998 година, со склучен договор за работа вработена како самостоен стручен соработник во Јавното правобранителство-Струга. После што се стекнува со статус советник, а од 11.05.2006 година, со Одлука на Влада именувана за Заменик јавен правобранител за Струга, а од 07.12.2010 година, со Одлука на Влада именувана за Државен правобранител во Државното правобранителство на Република Македонија за подрачје Струга, која функција ја обавува и денес.
Е-пошта; nadezda.gjoreska@dprsm.gov.mk