Артикли

Печати

Соопштение

Соопштение

Почитувани, Државниот Правобранител на Република Македонија, г-дин Фехми Стафа, оствари работна средба со директорот на Управата за Финансиска полиција, г-дин Арафат Муареми. На средбата се разговараше за унапредување на соработката меѓу двете институции, како и нејзино подигнување на повисоко ново, а во контекст на заштита на финансиските интереси на Република Македонија со почитување на позитивните законски прописи. Исто така, двајцата соговорници истакнале идентични ставови во сферата на засилувањето на борбата против организираниот криминал и корупција со цел зајакнување на владеењето на правото и довербата во институциите на системот. Соговорниците се согласија дека треба да биде потпишан меморандум за соработка во особено значаен сегмент, а тоа е унапредувањето и збогатувањето на соработката меѓу двете институции. Ова претставува прва средба на државниот правобранител на Република Македонија г-дин Фехми Стафа, со директорот на Упоравата за финансиска полиција, г-дин Арафат Муареми. На средбата присуствуваа и Државните правобранители за подрачјео на Град Скопје, Емилија Рајдокова, Јане Јанкуловски и Зоран петковски.