Печати

Известување

Сопштение

Државниот правобранител на Република Македонија, г-дин Фехми Стафа, придружуван од Државниот правобранител за подрачјето на Градот Скопје, г-ѓа Вишња Младеновска на покана на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), денеска (понеделник, 24-ти септември), учествуваше на Јавната дебата за нацрт текстот на предлог Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. На јавната дебата учествуваа министерката за правда Рената Дескоска, директорката на Меѓународниот републиканскик институт, Илина Мангова, Слаѓана Тасева како експерт и Данче Даниловска од Фондацијата отворено општество Македонија и претставник на Платформа на граѓански организации за антикорупција и други преставници. Државниот правобранител, г-дин Фехми Стафа, активно учествуваше во дискусијата, со сопствени ставови и коментари на предлог на законот.

 

Печати

Соопштение

Во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија, на ден 18.10.2012 година се потпиша Протоколот за електронска размена на писмена меѓу Царинската управа преку Директорот - Г-дин Ванчо Каргов и Државното правобранителство на Република Македонија преку Државниот Правобранител на Република Македонија - Г-ѓа Оливера Китанова - Мицевска.
Со овој Протокол се уредуваат правилата за постапување на Царинската управа и Државното правобранителство на Република Македонија при користењето на електронскиот портал за размена на писмена.
Печати

Интерен оглас

Република Македонија

ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Врз основа на член 48 став 4 од Законот за административни службеници  („ Службен весник на Република Македонија “ број 27/14,199/14, 48/15, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) а во врска со член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција , во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ“ број 11/15 и 35/2018) , Државното правобранителство на Република Македонија објавува

 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2018

за унапредување на 5 (пет) административни службеници во Државното правобранителство на Република Македонија

 

 

            Државното правобранителство на Република Македонија објавува интерен оглас за унапредување на 5 (пет) административни службеници за следните работни места:

 

1. Работно место: УПР 01 01 В01 000  Советник за обука , вработување и мотивација во Одделение за организациски развој и обука во Сектор за управување со човечки ресурси

              Број на извршители:................. (1) извршител

 

Посебни услови утврдени со Законот за административни службеници :

Посебни услови

 

  • -Стручни квалификации ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен,  вид на образование:организациски науки и управување, историски науки,  одбрана
  • - најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
  • Општи работни компетенции –категорија В согласно Рамката на општи работни компетенции
  • Посебни работни компетенции

                    -   активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-           активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија  (англиски, француски, германски)

Распоред на работното време:

-Работни денови: од понеделник до петок

-работни часови неделно: 40 часа

-Работно време : 7:30/8:00  до 15:30/ 16:00

Опис на работно време: со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 8:00 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:00.

Плата :

            -Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со која се вреднува степенот на образование и додатокот на плата за звање изнесува

 

2. Работно место: УПР 01 01 В01 000  Советник за правни работи и застапување  во Одделение за правни работи и застапување во Сектор за правни,општи и заеднички работи

              Број на извршители:................. (1) извршител

 

Посебни услови утврдени со Законот за административни службеници :

Посебни услови

 

  • -Стручни квалификации ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен,  вид на образование: правни науки
  •  - најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
  • Општи работни компетенции –категорија В согласно Рамката на општи работни компетенции
  • Посебни работни компетенции

                    -   активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-           активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија  (англиски, француски, германски)

-          положен правосуден испит и три години работно искуство по положување на правосудниот испит

Распоред на работното време:

-Работни денови: од понеделник до петок

-работни часови неделно: 40 часа

-Работно време : 7:30/8:00  до 15:30/ 16:00

Опис на работно време: со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 8:00 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:00.

Плата :

            -Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со која се вреднува степенот на образование и додатокот на плата за звање изнесува

 

3. Работно место: УПР 01 01 Г01 000  Самостоен референт-технички секретар на Државниот правобранител на Република Македонија во Одделение за општи и заеднички работи во Сектор за правни, општи и заеднички работи

              Број на извршители:................. (1) извршител

 

Посебни услови утврдени со Законот за административни службеници :

Посебни услови

 

  • -Стручни квалификации ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV  според македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование.Вид на образование:Вишо /средно –гимназија или средно економско
  •  - најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
  • Општи работни компетенции –категорија Г согласно Рамката на општи работни компетенции
  • Посебни работни компетенции

                 -      активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-             активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија  (англиски, француски, германски)

Распоред на работното време:

-Работни денови: од понеделник до петок

-работни часови неделно: 40 часа

-Работно време : 7:30/8:00  до 15:30/ 16:00

Опис на работно време: со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 8:00 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:00.

Плата :

            -Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со која се вреднува степенот на образование и додатокот на плата за звање изнесува

 

 

3. Работно место: УПР 01 01 Г02 000  Виш референт-технички секретар на Државниот правобранител на Република Македонија во Одделение за општи и заеднички работи во Сектор за правни, општи и заеднички работи

              Број на извршители:................. (2) извршители

 

Посебни услови утврдени со Законот за административни службеници :

Посебни услови

 

  • -Стручни квалификации ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV  според македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование.Вид на образование:Вишо /средно –гимназија или средно економско
  •  - најмалку 2 (две) години работно искуство во струката
  • Општи работни компетенции –категорија Г согласно Рамката на општи работни компетенции
  • Посебни работни компетенции

                 -      активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-             активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија  (англиски, француски, германски)

 

Распоред на работното време:

-Работни денови: од понеделник до петок

-работни часови неделно: 40 часа

-Работно време : 7:30/8:00  до 15:30/ 16:00

Опис на работно време: со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 8:00 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:00.

Плата :

            -Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со која се вреднува степенот на образование и додатокот на плата за звање изнесува

 

 

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Државното правобранителство на Република Македонија , кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и со Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за економија, како и:

 

 

-       да е оценет со оцена ,,А” или ,,Б” при последното оценување,

-       да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-       да поминал најмалку две години на тековното работно место и

-       да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

 

    Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Државното правобранителство  и на web страната на Агенцијата за администрација.

 

    Кандидатите за унапредување се пријавуваат на интерен оглас со поднесување на пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата и истата преку архивата на Државното правобранителство на Република македонија  ја доставуваат до Секторот за управување со човечки ресурси, Одделение за организациски развој и обука.

 

       Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни.

 

       НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

 

 

                                                                               ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА

                                                                                    РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Изработил: Хилда Серафимовска                                                               ФЕХМИ СТАФА

Одобрил: Андријана Сливоска                                                             

 

 

2        
2 Број на извршители:................. (2) извршители

Ниво: В1

Работно место: Советник за правни работи

Одделение: Одделение за правни работи и застапување

Сектор: Сектор за правни,општи и заеднички работи

Звање : Советник

Орган : Државно правобранителство на Република Македонија

            3. Број на извршители

Покрај доказите за исполнување  на општите услови за прием на административни службеници утврдени во член 31 став 1 од Законот за административни службеници, кандидатите треба да ги исполнуваат и посебните услови согласно Правилникот за систематизација на работни места во Државното правобранителство на Република Македонија и тоа:

 

3        Број на извршители:................. (2) извршители

Ниво: В1

Работно место: Советник за правни работи

Одделение: Одделение за правни работи и застапување

Сектор: Сектор за правни,општи и заеднички работи

Звање : Советник

Орган : Државно правобранителство на Република Македонија

            3. Број на извршители:................. (1) извршител

Работно место: Самостоен референт-технички секретар на Државниот правобранител на РМ

Ниво:Г1

Одделение: Одделение за  општи и заеднички работи

Сектор: Сектор за правни,општи и заеднички работи

Звање : Самостоен референт

Орган : Државно правобранителство на Република Македонија

4        Број на извршители:................. (2) извршители

Работно место: Виш референт- архивар

Ниво:Г2

Одделение: Одделение за  општи и заеднички работи

Сектор: Сектор за правни,општи и заеднички работи

Звање : Виш референт

  1. Орган : Државно правобранителство на Република Македонија

 

Печати

Соопштение

Соопштение

Почитувани, Државниот Правобранител на Република Македонија, г-дин Фехми Стафа, оствари работна средба со директорот на Управата за Финансиска полиција, г-дин Арафат Муареми. На средбата се разговараше за унапредување на соработката меѓу двете институции, како и нејзино подигнување на повисоко ново, а во контекст на заштита на финансиските интереси на Република Македонија со почитување на позитивните законски прописи. Исто така, двајцата соговорници истакнале идентични ставови во сферата на засилувањето на борбата против организираниот криминал и корупција со цел зајакнување на владеењето на правото и довербата во институциите на системот. Соговорниците се согласија дека треба да биде потпишан меморандум за соработка во особено значаен сегмент, а тоа е унапредувањето и збогатувањето на соработката меѓу двете институции. Ова претставува прва средба на државниот правобранител на Република Македонија г-дин Фехми Стафа, со директорот на Упоравата за финансиска полиција, г-дин Арафат Муареми. На средбата присуствуваа и Државните правобранители за подрачјео на Град Скопје, Емилија Рајдокова, Јане Јанкуловски и Зоран петковски. 

  

Печати

Потпишан Протокол за соработка

Министерот за правда Михајло Маневски и државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова на ден 16.12.2010 година потпишаа Протокол за соработка меѓу Владата, органите на државната управа и државното правобранителство за заштита на имотните интереси и права на Македонија, за активно и брзо делување, тогаш кога ќе се направи штета на буџетот.

Со Протоколот се уредува соработката во постапувањето по предмети во кои Државното правобранителство ги застапува органите пред судовите и другите органи во земјата и странство.