|
И З В Е С Т У В А Њ Е
ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДРЖА СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ СЛАВИЈА СПЕКТАР ВО ОХРИД ВО ДЕНОВИТЕ 23 И 24 ДЕКЕМВРИ 2011 ГОДИНА.
НА СОВЕТУВАЊЕТО ПРИСУСТВУВАА СИТЕ ДРЖАВНИ ПРАВОБРАНИТЕЛИ, А КАКО ГОСТИ БЕА И ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ - УПРАВА ЗА ИМОТНО ПРАВНИ РАБОТИ, ПРЕТСТАВНИЦИ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ - УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ, ПРЕТСТАВНИЦИ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ - СЕКТОР ТРЕЗОР, ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ.
НА СОВЕТУВАЊЕТО СЕ РАЗГЛЕДАА ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМАТИКИ ОД НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ПОКАНЕТИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ, КОЕ НЕШТО ПРИДОНЕСЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ЗАКЛУЧОЦИ.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
И З В Е С Т У В А Њ Е
ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДРЖА СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ СЛАВИЈА СПЕКТАР ВО ОХРИД ВО ДЕНОВИТЕ 23 И 24 ДЕКЕМВРИ 2011 ГОДИНА. НА СОВЕТУВАЊЕТО ПРИСУСТВУВАА СИТЕ ДРЖАВНИ ПРАВОБРАНИТЕЛИ, А КАКО ГОСТИ БЕА И ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ - УПРАВА ЗА ИМОТНО ПРАВНИ РАБОТИ, ПРЕТСТАВНИЦИ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ - УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ, ПРЕТСТАВНИЦИ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ - СЕКТОР ТРЕЗОР, ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ. НА СОВЕТУВАЊЕТО СЕ РАЗГЛЕДАА ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМАТИКИ ОД НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ПОКАНЕТИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ, КОЕ НЕШТО ПРИДОНЕСЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ЗАКЛУЧОЦИ.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|
|
О П О М Е Н А ПРЕД ТУЖБА |
|
О П О М Е Н А
ПРЕД ТУЖБА
Почитувани граѓани
Државното правобранителство на Република Македонија од страна на деловните банки е известено дека согласно Закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на станови во општествена сопственост ("Сл.Весник на РМ" бр. 24/11) немате извршено уплата на 6 последователни рати, по договор за купопродажба на станови во општествена сопственост.
Потребно е во рок од 10 дена од приемот на опомената, доколку сте согласни да го платите долгот на доспеаните неплатени рати во целост, да доставите до Државното правобранителство на Република Македонија, изјава за согласност за плаќање на долгот во целост, од причина што Деловната банка повеќе не прима уплати по овој основ, без известување добиено од Државното правобранителство на Република Македонија.
По доставување на изјавата, Државното правобранителство на Република Македонија ќе ја извести Деловната банка да Ви дозволи да извршите уплата во рок од 10 работни дена, а по истекот на тој рок, доколку не доставите доказ за извршена уплата, Државното правобранителство на Република Македонија ќе поднесе тужба за раскинување на договорот за купопродажба, согласно членот 7-в од Законот за продажба на станови во општествена сопственост ("Службен весник на РМ" бр. 36/90, 62/92, 7/98, 24/03 и 24/2011).
Како последица на раскинување на договорот, на поранешниот купувач за предметниот стан му се понудува да склучи договор за закуп на истиот стан, а доколку во рок од три месеци по раскинувањето на договорот поранешниот купувач не склучи договор за закуп на станот, истиот го губи правото на користење на станот, а средствата за купување на станот уплатени согласно договорот за купопродажба на станот до денот на раскинувањето на договорот ќе се сметаат како надоместок за користење на станот (закупнина) за периодот од денот на склучување на договорот до денот на раскинување на договорот.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Почитувани граѓани
Државното правобранителство на Република Македонија од страна на деловните банки е известено дека согласно Закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на станови во општествена сопственост ("Сл.Весник на РМ" бр. 24/11) немате извршено уплата на 6 последователни рати, по договор за купопродажба на станови во општествена сопственост. Потребно е во рок од 10 дена од приемот на опомената, доколку сте согласни да го платите долгот на доспеаните неплатени рати во целост, да доставите до Државното правобранителство на Република Македонија, изјава за согласност за плаќање на долгот во целост, од причина што Деловната банка повеќе не прима уплати по овој основ, без известување добиено од Државното правобранителство на Република Македонија. По доставување на изјавата, Државното правобранителство на Република Македонија ќе ја извести Деловната банка да Ви дозволи да извршите уплата во рок од 10 работни дена, а по истекот на тој рок, доколку не доставите доказ за извршена уплата, Државното правобранителство на Република Македонија ќе поднесе тужба за раскинување на договорот за купопродажба, согласно членот 7-в од Законот за продажба на станови во општествена сопственост ("Службен весник на РМ" бр. 36/90, 62/92, 7/98, 24/03 и 24/2011). Како последица на раскинување на договорот, на поранешниот купувач за предметниот стан му се понудува да склучи договор за закуп на истиот стан, а доколку во рок од три месеци по раскинувањето на договорот поранешниот купувач не склучи договор за закуп на станот, истиот го губи правото на користење на станот, а средствата за купување на станот уплатени согласно договорот за купопродажба на станот до денот на раскинувањето на договорот ќе се сметаат како надоместок за користење на станот (закупнина) за периодот од денот на склучување на договорот до денот на раскинување на договорот.
|
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА |
|
| ИЗВЕСТУВАЊЕ |
|
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 14.11.2011 година, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители, се одржа еднодневна обука во форма на семинар, на 15 (петнаесет) Подрачни Единици во Република Македонија, на тема "Примена на Законот за парнична постапка".
На семинарот посебен акцент беше ставен на клучните измени во новиот концепт на Парничната постапка усвоен со Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка ("Сл.весник на РМ" бр. 116 од 01.09.2010 година) и нивната имплементација во судските постапки.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 14.11.2011 година, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители, се одржа еднодневна обука во форма на семинар, на 15 (петнаесет) Подрачни Единици во Република Македонија, на тема "Примена на Законот за парнична постапка". На семинарот посебен акцент беше ставен на клучните измени во новиот концепт на Парничната постапка усвоен со Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка ("Сл.весник на РМ" бр. 116 од 01.09.2010 година) и нивната имплементација во судските постапки.
|
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА |
|
|
И З В Е СТУВАЊЕ
Во периодот од 28 Октомври до 30 Октомври 2011 година во официјална работна посета на Државното правобранителство на Република Македонија беа Правобранителот за Босна и Херцеговина Г-ѓа Медина А. Вилиќ и нејзиниот заменик Г-ѓа Жељка Клобучар.
Во рамките на посетата на ден 28.10.2011 година се оствари и работна средба со Министерот за правда Г-дин Блерим Беџети.
Истиот ден во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија, Државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова и Правобранителот на Босна и Херцеговина Медина А. Вилиќ потпишаа Протокол за соработка помеѓу Државното правобранителство на Република Македонија и Правобранителството на Босна и Херцеговина во правец на унапредување на соработката во доменот на остварување на државно-правобранителската функција.
На ден 29.10.2011 година беше остварена средба со Државниот правобранител за подрачје Охрид - Љупка Попеска.
Во рамките на посетата на Охрид на гостите од Босна и Херцеговина им беа презентирани и знаменитостите на овој град како град заштитен од УНЕСКО.
Генерален заклучок од тридневната посета на гостите од Босна и Херцеговина на Државното правобранителство на Република Македонија е дека ваквиот вид соработка треба да продолжи и во иднина.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
И З В Е СТ У В А Њ Е

С О О П Ш Т Е Н И Е
ВО ПОСЕТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ВО ДЕНОВИТЕ 28, 29 И 30 ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА, ПРИСТИГНУВААТ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПРАВОБРАНИТЕЛСТВОТО НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ПРАВОБРАНИТЕЛКАТА НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА МЕДИНА A. ВИЛИЌ И НЕЈЗИНАТА ЗАМЕНИЧКА ЖЕЉКА КЛОБУЧАР.
СОРАБОТКАТА НА ДРЖАВНИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛСТВА ОД РЕГИОНОТ Е ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ВО РАЗМЕНАТА НА ИСКУСТВАТА И ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА ЗАЕМНАТА СОРАБОТКА.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJA
|
|
|
И З В Е С Т У В А Њ Е
На Државниот правобранител на Република Македонија - Оливера Китанова на ден 05.09.2011 година и беше врачена наградата за хуманост "Мајка Тереза" на предлог на Граѓанската Асоцијација "Скопјанката мајка Тереза".
Наградата во име на Градоначалникот на Град Скопје ја врачи Генералниот секретар на градот Гордана Ивановиќ Клинчарова.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
И З В Е С Т У В А Њ Е
На Државниот правобранител на Република Македонија - Оливера Китанова на ден 05.09.2011 година и беше врачена наградата за хуманост "Мајка Тереза" на предлог на Граѓанската Асоцијација "Скопјанката мајка Тереза".
Наградата во име на Градоначалникот на Град Скопје ја врачи Генералниот секретар на градот Гордана Ивановиќ Клинчарова.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|
|
|
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Државниот правобранител на Република Македонија - Оливера Китанова и Државниот правобранител за подрачје Скопје - Вишња Младеновска на ден 24.06.2011 година присуствуваа на рочиштето што се одржа во Трговскиот суд во Београд, што се води по 45 П бр. 781/10, а по тужба на тужителот Осигурителна компанија од Лондон против тужените Република Србија, Република Словенија, Република Хрватска, Република Босна и Херцеговина и Република Македонија, за надомест на штета.
|
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|
|
|
Информација за активности |
|
ИНФОРМАЦИЈА
Државниот правобранител на Република Македонија на ден 19.05.2011 година оствари работна средба со Државниот секретар на Министерството за правда, претставници од Министерството за правда, Претседателите на Основните судови во Република Македонија, претставници од Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.
Повод за работната средба е имплементација на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Закон за извршување, Закон за изменување и дополнување на Закон за Управата за јавни приходи и Законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка

ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА објавува
И З В Е С Т У В А Њ Е
Државното правобранителство на Република Македонија во сопствена организација одржа Стручно Советување на ниво на сите Подрачни Единици во Република Македонија и тоа во деновите 26, 27 и 28 Мај 2011 година во Хотел Полин - Стар Дојран.
|
|
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|
|
|
|