Државен Правобранител на РСМ

Фехми Стафа е од Скопје, дипломирал на Правниот Факултет при Државниот Универзитет во Тетово, отсек правни науки, а во моментов е магистрант при ФОН Универзитет во Скопје, отсек: Казнено Право.

Својата кариера, Стафа ja започна во 2005 година во Oсновниот Суд Скопје 2-Скопје, каде работеше до 2009 година. Од 2009-2010 работел во Секретаријатот за Спроведување на Рамковниот Договор – Влада на Република Северна Македонија, додека од 2010 до 2018 година во Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Инаку, Стaфа ги има положено Правосудниот и Нотарскиот испит, а во текот на својата професионална кариера учествувал на многу бројни семинари и обуки од областа на правните науки.

На 22 август 2018 Фехми Стафа е именуван од Владата на Република Северна Македонија за Државен Правобранител на Република Северна Македонија.

Почитувани

Како Државен Правобранител на Република Северна Македонија во Државното правобранителство надлежностите ги остваруваме врз основа на Уставот, Законите, и ратификуваните меѓународни договори и истовремено се преземуват мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Републикa Северна Македонија и на државните органи основани со закон пред судовите и другите органи во земјата и странство. Нашата Функцијата во Државното правобранителство ја вршиме транспарентно, ефикасно, амбициозно со високи очекувања кои ке ни дават високи резултати, како Државен правобранител на Република Северна Македонија заедно со државните правобранители сме одговорни и должни за угледот и функцијата на Државното правобранителство и секој ден даваме напор Државното правобранителство да ја направиме модел не само во Северна Македонија туку и во целиот Балкан.

Ви благодариме за вашата подршка и доверба, да градиме побезбедна, посуверна и по интегрирана држава.

Со почит

Државниот правобранител на Република Северна Македонија
Фехми Стафа