Средба на државниот правобранител со народниот правобранител

Categories: Вести

Државниот правобранител на Република Северна Македонија, Фехми Стафа, денеска се сретна со народниот правобранител, Иџет Мехмети.
На средбата државниот правобранител информираше за важноста за непречено, навремено и професионално извршување на обврските и работните цели на оваа институција, со цел правна заштита на имотните права и интереси на Република Северна Македонија.
Од друга страна пак, народниот правобранител Иџет Мехмети , ја истакна важноста од правна помош за граѓаните во секојдневното живеење, дополнително имајќи ја во предвид актуелната политичко-социјална атмосфера во земјата.
На средбата соговорниците ја истакнаа заложбата за идните дејствија на двете инстиутции за продлабочување на соработката, подобрување на условите за работа на вработените, размена на искуства од заеднички интерес, со цел подобра правна помош од една страна за граѓаните, како и правна поддршка за органите на државната управа.