Categories: Вести
Државниот правобранител на Република Северна Македонија Фехми Стафа и Заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија Г-дин Ото Граф на ден 07.06.2022 година, одржаа средба на која беа разгледани повеќе прашања, меѓу кои и борбата против високата корупција.
Државното правобранителство на Република Северна Македонија беше подржано од страна на неговата екселенција во борбата против високата корупција.
Заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија Г-дин Ото Граф истакна дека ова е добар пат и показател, кој треба да биде следен од сите институции , кон остварување на целта на Република Северна Македонија за влез во Европската Унија.