Состанок во Белград

Categories: Вести

Во насока на продолжување на остварување на меѓународна соработка на Државните правобранителства со цел разменување на искуства при извршување на своите надлежности, прифаќање на добро воспоставени пракси и други активности кои се од значење при извршување на Државно правобранителската функција се оствари работна средба на ден 21 декември 2021 година помеѓу Државното правобранителство на Република Србија и Државното правобранителство на Република Северна Македонија.

Работната средба се одржа во просториите на Државното правобранителство на Република Србија, во Белград, на која учествуваа преставници на Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Државните правобранители за подрачје Скопје Саша Станчевски, Симона Зориќ Ристова, Јована Василевска Мициќ, Генерален секретар Андријана Сливоска и Раководител на одделение за правни работи и застапување Диелза Цемена Велиу.

Државен правобранител на Република Србија Оливера Станимировиќ и замениците на Државниот правобранител Маринко Чобанин, Ксенија Максиќ, Милена Бабиќ и Ивана Бојовиќ ги запознаа присутните членови на делегацијата со структурата и начинот на работата на Државното правобранителство на Република Србија.

На работната средба се разменија  искуства околу решавање на предмети со сличен основ, начинот на постапување пред судовите со разгледување на разликите и сличностите на законската регулатива на двете земји.

На крајот на средбата се утврди успешниот и позитивен исход од ваквата меѓународна соработка и се изрази желба за понатамошна меѓусебна соработка и организирање на регионални коференции.

Leave Comments

4 × five =