Состанок во Албаниjа

Во насока на остварување на меѓународна соработка на Државните правобранителства со цел разменување на искуства при извршување на своите надлежности, прифаќање на добро воспоставени пракси и други активности кои се од значење при извршување на Државно правобранителската функција се оствари работна средба на ден 16 декември 2021 година помеѓу Државното правобранителство на Република Албаниjа и Државното правобранителство на Република Северна Македонија.

Работната средба се одржа во просториите на Државното правобранителство на Република Албаниа, во Тирана, на која учествуваа преставници на Државното правобранителство на Република Северна Македонија Државни правобранители за подрачје Скопје Фитим Касапи, Арлинда Зимери, Недим Исмани и Раководител на одделение за правни работи и застапување Диелза Цемена Велиу.

Генералниот државен правобранител на Република Албаниjа, Брунилда Љиљо и правобранителката Мануела Имерај ги запознаа присутните членови на делегацијата со структурата и начинот на работата на Државното правобранителство на Република Албаниjа.

На работната средба се разменија  искуства околу решавање на предмети со сличен основ, начинот на постапување пред судовите со разгледување на разликите и сличностите на законската регулатива на двете земји.

На крајот на средбата се утврди успешниот и позитивен исход од ваквата меѓународна соработка и се изрази желба за понатамошна меѓусебна соработка.