Работна средба во Државното правобранителство на Република Северна Македонија во Скопје

Categories: Вести

Работна средба во Државното правобранителство на Република Северна Македонија во Скопје со Г-ѓа Фахира Бродлија – Раководител на проектот „Законски реформи за економски развој на Западен Балкан „ , при ГИЗ – Германското друштво за меѓународна соработка, со седиште во Сараево – Босна и Херцеговина, финансирано од Федералното Министерството за економски развој и соработка на Република Германија

Тема на работната средба како и на Проектот „Законски реформи за економски развој на Западен Балкан „ е зајакнување на капацитетите на институциите на Западен Балкан, потребни за превенција и решавање на инвеститорските спорови.

Активностите кои ке бидат во фокусот на проектот се

  1. Воспоставување на комуникација и размена на информации помеѓу странските инвеститори и компетентите институции на државите.
  2.   Развој на стратегии и тренинг програми за медијација во решавање на споровите помеѓу државите и инвеститорите.

  

Проектот „Законски реформи за економски развој на Западен Балкан„ пред се има за цел надлежните институции да имаат повеќе можности и подобра позиција во превенција и решавање на инвестициските спорови пред истите да ескалираат со тужби и навлезат во скпапи арбитражни постапки.     

 

Leave Comments