Посета на Државното правобранителство на Р Италија во Рим

Државниот правобранител на Република Северна Македонија Фехми Стафа, во текот на месец мај, со својот тим во состав Државен правобранител за подрачје Скопје Саша Станчевски, Државен правобранител за подрачје Кочани Даниела Диванисова, Генералниот секретар Андријана Сливоска, Раководителот на секторот за финансиски прашања Илинка Јуруковска Стегњаја и секретарот Билјана Јовановска остварија успешна посета на Државното правобранителство на Република Италија во Рим .

Пречекот направен од страна на Државниот правобранител на Република Италија  Г-ѓа Габриела Палмиери Сандули и нејзиниот тим,  беше со највисоки почести, за што изразуваме посебна благодарност. На средбата беа разменети искуства, констатирани сличности и разлики во работата на двете институции. Беше заклучено дека оваа соработка мора да продолжи со возвратна посета од Државниот правобранител на Република Италија  Г-ѓа Габриела Палмиери Сандули и нејзинот тим во Република Северна Македонија.

Државниот правобранител на Република Северна Македонија Фехми Стафа со својот тим ја посети и Амбасадата на Република Северна Македонија во Рим и оствари средба со неговата екселенција Амбасадорот Весел Мемеди.

Државниот правобранител на Република Северна Македонија Фехми Стафа со својот тим ја посети и Амбасадата на Република Северна Македонија во Ватикан и оствари средба со нејзината екселенција Амбасадорката Марија Ефремова.