Конференција во Словениjа

Categories: Вести

Во организација на Државното правобранителство на Република Словениjа во периодот од 02-04 ноември 2021 година се одржи Првата интернационална коференција на Државни правобранителства пред национананите судови.

На покана на Државното правобранителство на Република Словенија присуствува Правобранителиот за подрачје Скопје Саша Станчевски, Државниот правобранител за подрачје Кочани Даниела Диванисова, Државен правобранител за подрачје Струга Надежда Ѓореска, Генерален секретар Андријана Сливоска и Раководител на одделение за правни работи и застапување Диелза Цемена Велиу.

На коференција помеѓу другите беа присутни преставници од Данска, Холандија, Португалија, Србија, Хрватска, Шпанија, Австрија, Малта и Норвешка.

Свој обраќање имаше Јуриј Грозник Државен правобранител на Република Словенија, Маријан Дикауќиќ Министер за правда на Република Словениjа и Даниеле Дото Заменик директор на Реформата за дигитализација.

На конференцијата беа дискудирани искуствата на дигитализација на Словениjа, искуствата на дигитализација во странство, организација на државните правобранителства пред националните судови.

Во текот на одржување на конференцијата, присутните членови на делегацијата на Државното правобранителство на Република Северна Макеоднија остварија билатерални средби со преставници од другите делегации, на кои се разменија искуства за одредени прашање и се изрази желба за понатамошна меѓусебна соработка.

Мора да се истакне одличната организација на целиот настан и вложениот труд на организаторот Државното правобранителство на Република Словениjа, и посебниот агажман што го вложи Државниот правобранител на Република Словениjа Јуриј Грозник и изразуваме посебна благодарност на укажаната чест што и ја направи на делегацијата на Државното правобранителство на Република Северна Македонија.

Leave Comments

12 + four =