Д.П. Стафа оствари средба со амбасадорот на Република Франција г. Кристијан Тимоние

Во среда, на 7 октомври, Државниот правобранител, г. Фехми Стафа, беше примен на средба во Резиденцијата на Република Франција од страна на амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, неговата екселенција, г. Кристијан Тимоние.

На оваа проштална средба  г. Тимоние истакна дека имал одлична и исклучително плодна соработка со Државното правобранителство на Република Северна Македонија, како институција задолжена за заштита на дражвните имотни права и имотни интереси, предводена од Државниот Правобранител на Република Северна Македнонија г. Стафа .

На средбата, г. Стафа  искажа благодарност на амбасадорот Тимоние за неговата неуморна посветеност и поддршката што ја даваше на оваа институција и од страна на г.Стафа му беше врачен симболичен подарок. Исто така, г.Стафа му врачи симболичен подарок и на – г. Ардијан Рамадани, како преведувач на НЕ, за неговите точни и брзи преводи кои придонесоа за непречено одвивање на средбите со амбасадорот.

Исто така, оваа средба беше уште една добра можност да се адресират и елаборират проблемите со кои се соочува оваа институција, кои ги допираат прашањата за правни спорови околу државниот имот и државните имотни интереси.

Амбасадорот високо ја оцени работата на Државниот правобранител на Република Северна Македонија и неговиот тим, за што беа евоцирани многу спомени и впечатоци, со ветување дека ќе ја продолжи соработката меѓу Амбасадата на Франција и Државното Правобранителство на Република Северна Македонија и по завршувањето на неговиот мандат и преземањето на мандатот на неговиот следбеник.

Вреди да се спомене дека амбасадорот Тимоние, како достоен водич и поддржувач на демократизацијата и европеизацијата на земјата, секогаш беше покрај нашата институција и Државниот правобранител на Република Северна Македонија г. Стафа.

Државниот правобранител на Република Северна Македонија г. Стафа им посака успех на амбасадорот Тимоние во натамошниот професионален ангажман, и изрази очекување дека и во иднина ќе продолжи да дава подршка за Државното правобранителство на Република Северна Македонија.