Државното правобранителство на Република Северна Македонија се вклучи на акцијата за чистење

Масовната еколошка акција “Администрацијата чисти со “Не биди ѓубре” беше активно поддржана од Државното Правобранителство на Република Северна Македонија. Државниот Правобранител на Република Северна Македонија, г-дин Фехми Стафа, заедно со Државните правобранители во регионот на град Скопје  и вработените во институцијата придонесоа за јавната чистота на Град Скопје и тоа на локацијата Јужен булевар, која беше претходно определена.
Инаку акцијата „Администрацијата чисти со граѓанската организација „Не биди ѓубре„ се спроведе во Сабота, 14 декември 2019. Во акцијата беа вклучени сите вработени во државни институци кои собираа смет и други отпадоци како резултат на одлуката на Владата на Република Северна Македонија, на тој начин да биде одработен 2 јануари, која оваа година беше прогласен за неработен ден.