Државниот правобранител, Фехми Стафа, се сретна со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние

Државниот правобранител на Република Северна Македонија, Фехми Стафа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние.Државниот правобранител Фехми Стафа, го информираше соговорникот за заложбите на институцијата за почитување на позитивните законски норми во Република Северна Македонија, но и почитување на европските норми, како и критериумите за членство во Европската унија. На средбата беа разменети низа мислења и искуства од областа на државните правобранителства на двете земји.Средбата, државниот правобранител ја искористи и да се заблагодари за постојаната поддршка од Франција на нашиот пат во евроатлантските процеси, процеси кои се исклучително важни за нашата земја.