Државниот правобранител на Република Северна Македонија, Фехми Стафа, денеска имаше средба со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов

Државниот правобранител Фехми Стафа, информираше за интенцијата на институцијата за почитување на позитивните законска регулатива во Република Северна Македонија, но и почитување на европските норми, дел од критериумите за членство во Европската унија. Средбата, државниот правобранител ја искористи и да се заблагодари за постојаната поддршка од Република Бугарија на нашиот пат во евроатлантските процеси, процеси кои се исклучително важни за нашата земја.Амбасадорот Ангелов, ја потврди поддршката од Република Бугарија за нашата земја и изрази подготвеност таа да продолжи, и да се интензивира во наредниот период, се со цел поскоро интегрирање на Република Северна Македонија во евроатлантските сојузи.