Државниот правобранител г. Фехми Стафа, во сребда со амбасадорот на Франција во РСМ г. Cирил Бомгартнер

На 04.11.2021 година Државниот правобранител г. Фехми Стафа, во Француската  резиденција беше примен од неговата екселенција амбасадорот на Франција во РСМ г. Cирил Бомгартнер, придружуван од првиот советник  г. Емануел Гардил, како и преведувачот на оваа амбасада г. Ардијан Рамадани.
 
Ова беше прва протоколарна средба на Државниот правобранител со Францускиот амбасадор, кој пред една година беше именуван амбасадор во Р.С.Македонија, по што Државниот правобранител му честиташе на амбасадорот за функцијата и му посакуваше многу успеси.
 
На средбата Државниот правобранител на амбасадорот му ја претстави институцијата и улогата  на оваа институција во заштита на интересите на државата, како и предизвиците, тешкотиите и успесите на Државното Правобранителство.
 
Амбасадорот на Франција упати честитки до адвокатот и институцијата што ја застапува за улогата и придонесите во заштитата на интересите на државата, како и ја понуди својата подготвеност во однос на подршката на оваа институција .
На средбата беше истакнато дека соработката меѓу француската амбасада во Скопје и Државното правобранителство ке се продолжи и во иднина.