Државниот правобранител, г-дин Фехми Стафа, се сретна со Н.Е. Aмбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски

Државниот правобранител на Република Северна Македонија, Фехми Стафа, оствари средба со Амбасадорот на Република Полска во нашата држава, Војциех Тицињски. На средбата соговорниците ја истакнаа важноста од досегашната поддршка како и од идната соработка меѓу двете земји за професионално извршување на обврските од областите кои се под ингеренции на државниот правобранител.
Државниот правобранител подвлече дека поддршката од Република Полска за нашата земја е од исклучително значење во евроинтегративните процеси. Амбасадорот на Република Полска во земјава рече дека поддршката што неговата земја ја дава ќе продолжи и во иднина со цел полесно интегрирање на Република Северна Македонија во европското семејство.
Исто така, Државниот правобранител на Република Северна Македонија, Фехми Стафа, се сретна и со почесниот конзул на Република Естонија во нашата земја, Сашко Миладинов. Државниот правобранител се заблагодари на поддршката од Република Естонија при евро – интеграционите процеси и реформи сo надеж дека оваа соработка и поддршка ќе се интензивира во наредниот период.Почесниот конзул на Република Естонија во Република Северна Македонија, Сашко Миладинов, ги потврди заложбите за перманентна поддршка во сите области во кои Република Естонија може да даде свој придонес за побрзо и полесно надминување на препреките на патот кон Европската унија.На средбата соговорниците ја истакнаа заложбата за идните дејствија на двете земји за продлабочување на соработката со цел благосостојба на граѓаните на двете земји.