|
СООПШТЕНИЕ
Државниот правобранител на РМ во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија на ден 27.02.2013 година (среда) оствари работна средба со претставници на Агенција за приватизација на Република Косово, Амбасадорот на Република Македонија во Република Косово Г-динот Стојан Карајанов, Претставник од Амбасадата на Република Косово во Република Македонија ,претставници од Министерство за финансии, Министерство за надворешни работи, Министерство за економија, Агенција за катастар на недвижности, АД за стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката и Бирото за судски вештачења. Целта на работната средба е разгледување на можностите за размена на недвижен имот меѓу Република Македонија и Република Косово, во делот на претпријатија кои отишле во стечај или претрпеле одредена трансформација или пак да се одреди обемот на недвижниот имот кој не влегол во процесот на трансформација и кој имот евентуално би можел да се врати на Република Македонија а се наоѓа на територија на Република Косово или исплаќање на компензација за тој имот. На работната средба беше донесена Одлука за склучување на Протокол за соработка, кој ќе биде потпишан во текот на март месец 2013 година.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА |
|
ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДРЖА СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ ВО ОХРИД ВО ДЕНОВИТЕ 30.11.2012 И 01.12.2012 ГОДИНА.
НА СОВЕТУВАЊЕТО ПРИСУСТВУВАА ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОЛИВЕРА КИТАНОВА - МИЦЕВСКА И ДРЖАВНИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ ЗА СОДВЕТНО ПОДРАЧЈЕ. НА ИСТОТО БЕА ПРИСУТНИ И ГОСТИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ - УПРАВА ЗА ИМОТНО ПРАВНИ РАБОТИ, ПРЕДВОДЕНИ ОД ДИРЕКТОРОТ НА УИПР Г-ДИН ЗОРАН КРСТАНОВСКИ .
НА СОВЕТУВАЊЕТО ОСНОВНА ТЕМА БЕШЕ ЗАКОНОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАТИЈА ("СЛ. ВЕСНИК НА РМ" БР. 95/12) И ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА ("СЛ.ВЕСНИК НА РМ" БР. 131/12).
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|
|
Во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија, на ден 18.10.2012 година се потпиша Протоколот за електронска размена на писмена меѓу Царинската управа преку Директорот - Г-дин Ванчо Каргов и Државното правобранителство на Република Македонија преку Државниот Правобранител на Република Македонија - Г-ѓа Оливера Китанова - Мицевска.
Со овој Протокол се уредуваат правилата за постапување на Царинската управа и Државното правобранителство на Република Македонија при користењето на електронскиот портал за размена на писмена.
Целта на овој Протокол е ефикасна и брза размена на писмената во електронски облик помеѓу Pротоколарните страни, во судските предмети во кои како странка се јавува Царинската управа.
|
|
Презентација на медијацијата како начин за решевање на спорот |
|
На 24 август 2012 година во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија - Скопје беше одржана средба со преставници од Министерството за правда и Институтот за европска политика – Скопје на која беше презентирана медијацијата како начин на решевање на спорови.
На средбата присуствуваа Државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова-Мицевска, Државни правобранители за подрачје Скопје, советници во Државното правбранителство на Република Македонија. Презентери на медијацијата: д-р Малинка Ристевска Јорданова директор на Институтот за европска политика, Радица Лазаревска-Геровска државен советник во Министерството за правда и Мирјана Марковска-Андревски медијатор и адвокат.
Присутните на средбата се согласија за пренесување на пораката до сите учесници во спорови погодни за медијација која гласи:
Решете го спорот- да преку медијација
Брзо, ефикасно и достоинствено |
|
Се известуваат сите кандидати кои доставиле пријава по оглас за вработување за работно место возач, дека на ден 22.02.2012 година ( среда) во 13 часот во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија (зграда на Македонска телевизија 6-ти кат) ќе се одржи разговор со Државниот правобранител на Република Македонија.
Кандидатите со себе да понесат документ за лична идентификација.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Државното правобранителство на Република Македонија, известува дека согласно член 17 став 3 од Законот за определување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, е извршена нова нумерација на адресата на седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија во Скопје.
Седиштето на Државното правобранителство на Република Македонија во Скопје е
бул. ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ бр. 8, Скопје.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|
 Во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија, на ден 08.03.2012 година се одржа Прес конференција помеѓу Државниот правобранител на Република Македонија Г-ѓа Оливера Китанова и Министерот за економија Г-дин Валон Сарачини
|
|
|
Повеќе...
|
О П О М Е Н А ПРЕД ТУЖБА |
|
О П О М Е Н А
ПРЕД ТУЖБА
Почитувани граѓани
Државното правобранителство на Република Македонија од страна на деловните банки е известено дека согласно Закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на станови во општествена сопственост ("Сл.Весник на РМ" бр. 24/11) немате извршено уплата на 6 последователни рати, по договор за купопродажба на станови во општествена сопственост.
Потребно е во рок од 10 дена од приемот на опомената, доколку сте согласни да го платите долгот на доспеаните неплатени рати во целост, да доставите до Државното правобранителство на Република Македонија, изјава за согласност за плаќање на долгот во целост, од причина што Деловната банка повеќе не прима уплати по овој основ, без известување добиено од Државното правобранителство на Република Македонија.
По доставување на изјавата, Државното правобранителство на Република Македонија ќе ја извести Деловната банка да Ви дозволи да извршите уплата во рок од 10 работни дена, а по истекот на тој рок, доколку не доставите доказ за извршена уплата, Државното правобранителство на Република Македонија ќе поднесе тужба за раскинување на договорот за купопродажба, согласно членот 7-в од Законот за продажба на станови во општествена сопственост ("Службен весник на РМ" бр. 36/90, 62/92, 7/98, 24/03 и 24/2011).
Како последица на раскинување на договорот, на поранешниот купувач за предметниот стан му се понудува да склучи договор за закуп на истиот стан, а доколку во рок од три месеци по раскинувањето на договорот поранешниот купувач не склучи договор за закуп на станот, истиот го губи правото на користење на станот, а средствата за купување на станот уплатени согласно договорот за купопродажба на станот до денот на раскинувањето на договорот ќе се сметаат како надоместок за користење на станот (закупнина) за периодот од денот на склучување на договорот до денот на раскинување на договорот.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Почитувани граѓани
Државното правобранителство на Република Македонија од страна на деловните банки е известено дека согласно Закон за изменување и дополнување на Законот за продажба на станови во општествена сопственост ("Сл.Весник на РМ" бр. 24/11) немате извршено уплата на 6 последователни рати, по договор за купопродажба на станови во општествена сопственост. Потребно е во рок од 10 дена од приемот на опомената, доколку сте согласни да го платите долгот на доспеаните неплатени рати во целост, да доставите до Државното правобранителство на Република Македонија, изјава за согласност за плаќање на долгот во целост, од причина што Деловната банка повеќе не прима уплати по овој основ, без известување добиено од Државното правобранителство на Република Македонија. По доставување на изјавата, Државното правобранителство на Република Македонија ќе ја извести Деловната банка да Ви дозволи да извршите уплата во рок од 10 работни дена, а по истекот на тој рок, доколку не доставите доказ за извршена уплата, Државното правобранителство на Република Македонија ќе поднесе тужба за раскинување на договорот за купопродажба, согласно членот 7-в од Законот за продажба на станови во општествена сопственост ("Службен весник на РМ" бр. 36/90, 62/92, 7/98, 24/03 и 24/2011). Како последица на раскинување на договорот, на поранешниот купувач за предметниот стан му се понудува да склучи договор за закуп на истиот стан, а доколку во рок од три месеци по раскинувањето на договорот поранешниот купувач не склучи договор за закуп на станот, истиот го губи правото на користење на станот, а средствата за купување на станот уплатени согласно договорот за купопродажба на станот до денот на раскинувањето на договорот ќе се сметаат како надоместок за користење на станот (закупнина) за периодот од денот на склучување на договорот до денот на раскинување на договорот.
|
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА |
|
|
И З В Е СТУВАЊЕ
Во периодот од 28 Октомври до 30 Октомври 2011 година во официјална работна посета на Државното правобранителство на Република Македонија беа Правобранителот за Босна и Херцеговина Г-ѓа Медина А. Вилиќ и нејзиниот заменик Г-ѓа Жељка Клобучар.
Во рамките на посетата на ден 28.10.2011 година се оствари и работна средба со Министерот за правда Г-дин Блерим Беџети.
Истиот ден во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија, Државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова и Правобранителот на Босна и Херцеговина Медина А. Вилиќ потпишаа Протокол за соработка помеѓу Државното правобранителство на Република Македонија и Правобранителството на Босна и Херцеговина во правец на унапредување на соработката во доменот на остварување на државно-правобранителската функција.
На ден 29.10.2011 година беше остварена средба со Државниот правобранител за подрачје Охрид - Љупка Попеска.
Во рамките на посетата на Охрид на гостите од Босна и Херцеговина им беа презентирани и знаменитостите на овој град како град заштитен од УНЕСКО.
Генерален заклучок од тридневната посета на гостите од Босна и Херцеговина на Државното правобранителство на Република Македонија е дека ваквиот вид соработка треба да продолжи и во иднина.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
И З В Е СТ У В А Њ Е
Во периодот од 28 Октомври до 30 Октомври 2011 година во официјална работна посета на Државното правобранителство на Република Македонија беа Правобранителот за Босна и Херцеговина Г-ѓа Медина А. Вилиќ и нејзиниот заменик Г-ѓа Жељка Клобучар.
Во рамките на посетата на ден 28.10.2011 година се оствари и работна средба со Министерот за правда Г-дин Блерим Беџети.
Истиот ден во просториите на Државното правобранителство на Република Македонија, Државниот правобранител на Република Македонија Оливера Китанова и Правобранителот на Босна и Херцеговина Медина А. Вилиќ потпишаа Протокол за соработка помеѓу Државното правобранителство на Република Македонија и Правобранителството на Босна и Херцеговина во правец на унапредување на соработката во доменот на остварување на државно-правобранителската функција.
На ден 29.10.2011 година беше остварена средба со Државниот правобранител за подрачје Охрид - Љупка Попеска.
Во рамките на посетата на Охрид на гостите од Босна и Херцеговина им беа презентирани и знаменитостите на овој град како град заштитен од УНЕСКО.
Генерален заклучок од тридневната посета на гостите од Босна и Херцеговина на Државното правобранителство на Република Македонија е дека ваквиот вид соработка треба да продолжи и во иднина.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|
|
|
С О О П Ш Т Е Н И Е
ВО ПОСЕТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ВО ДЕНОВИТЕ 28, 29 И 30 ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА, ПРИСТИГНУВААТ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПРАВОБРАНИТЕЛСТВОТО НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ПРАВОБРАНИТЕЛКАТА НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА МЕДИНА A. ВИЛИЌ И НЕЈЗИНАТА ЗАМЕНИЧКА ЖЕЉКА КЛОБУЧАР.
СОРАБОТКАТА НА ДРЖАВНИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛСТВА ОД РЕГИОНОТ Е ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ВО РАЗМЕНАТА НА ИСКУСТВАТА И ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА ЗАЕМНАТА СОРАБОТКА.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJA
|
|
|
И З В Е С Т У В А Њ Е
На Државниот правобранител на Република Македонија - Оливера Китанова на ден 05.09.2011 година и беше врачена наградата за хуманост "Мајка Тереза" на предлог на Граѓанската Асоцијација "Скопјанката мајка Тереза".
Наградата во име на Градоначалникот на Град Скопје ја врачи Генералниот секретар на градот Гордана Ивановиќ Клинчарова.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
И З В Е С Т У В А Њ Е
На Државниот правобранител на Република Македонија - Оливера Китанова на ден 05.09.2011 година и беше врачена наградата за хуманост "Мајка Тереза" на предлог на Граѓанската Асоцијација "Скопјанката мајка Тереза".
Наградата во име на Градоначалникот на Град Скопје ја врачи Генералниот секретар на градот Гордана Ивановиќ Клинчарова.
ДРЖАВНО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|
|
|
|